Лекарот на Трамп објави дека претседателот го завршил лекувањето од коронавирусот

30

Лекарот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека тој го завшил терапиското лекување од коронавирусот, дека по доаѓањето од болницата во Белата куќа неговата здравствена состојба е стабилна па би можел во сабота да им се врати на извршување на јавните должности.

Во соопштението на Белата куќа, докторот Шон Конли, наведува дека претседателот Доналд Трамп одговорил „извонредно добро“ на терапијата, како и дека нема ниту докази за нуспијави од лекувањето.

Републиканскиот претседател кој на 3-ти ноември ќе се бори за вториот мандат, беше хоспитализиран поради зараза со коронавирусот минатиот петок, а во Белата куќа се врати во понеделникот каде се наоѓа во изолација.

„Од враќањето во Белата куќа, неговоата физичка состојба е стабилна и е лишен од назнаки кои би можеле да сугерираат напредок на болеста“, напшиша Конли во изјавата.

Додаде дека во саботата 10-ти октомври, ќе биде десеттиот ден откако кај претседателот е потврдена заразата со коронавирусот. Според планираните насоки за лекувањето, Конли предвидува „сигурно враќање на претедателот на јавните должности до тогаш“.

Трамп претходно изјави дека мисли оти не е заразен и тврдеше дека се чувстува доволно добро за да продолжи да ги одржува политичките собири во пресрет на изборите.