Лепа Брена: Се вакцинирав против коронавирусот, спаѓам во загрозена група

11

Пејачката Лепа Брена (60) порано изјави дека за време на пандемијата на коронавирусот повеќе се посветила себеси, бидејќи не може да настапува. Но, признава дека сега тешко ја поднесува целата ситуација. Нема концерти, а многу ѝ недостасуваат блиските пријатели.

Брена истакнала дека е исклучително внимателна поради пандемијата, бидејќи поради тромбозата, пејачката е класифицирана во загрозената група граѓани.

– Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Не сум паничар. Кога првпат се сретнав со тромбозата, сè проучив и бев редовен пациент. Навикнав така да живеам така, знам што не смеам да пијам и да јадам, како и како треба да ми се одвива животот според здравствените правила – рекла Брена за српските медиуми.

Брена тврди дека научила да живее според правилата и да биде среќна. Но, сепак, ѝ недостасуваат дружењата.

– Оваа социјална дистанца за мене е емотивна дистанца од сите луѓе што ги сакате, кои не можете да ги прегрнете. Тешко ми паѓа – додала пејачката. Брена додала дека се вакцинирала против коронавирусот, бидејќи сака да биде претпазлива.

– Се вакцинирав, бидејќи тоа е апсолутна категорија на заштита,без неа нема патувања ниту комуникација. Кој сака да биде осамен, нека избере што сака. Светот живее и функционира според правилата и ние мора да се вклопиме во нив – заклучила Брена за српските медиуми.