Лејди Гага ќе ја пее химната на САД на инаугурацијата на Бајден

5

Голем број славни личности беа против Доналд Трамп за време на неговото претседателствување. Тие одбија да настапуваат во Белата куќа, а некои пејачи одбија да му дадат дозвола да ја свири нивната музика на изборните митинзи.

Со Џо Бајден на чело на САД, тоа се менува. Лејди Гага е најавена како пејачка на националната химна за денот на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

„Чест ми е што ќе се придружам на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, каде што ќе ја отпеам националната химна и ќе ја прославам историската инаугурација на Џо Бајден и Камала Харис“, напиша пејачката на својот Твитер.

Корисниците на Твитер потсетија дека Гага последен пат ја изведе американската химна пред пет години како дел од Суперболот, како и дека до тогаш освоила вкупно шест номинации за Греми и една награда Оскар. Оттогаш има освоено еден Оскар и 11 Греми.

Дополнување на инаугурацијата е специјално шоу во траење од 90 минути каде како домаќин ќе биде Том Хенкс, а покрај Гага и Џеј Ло, на инаугурацијата ќе настапат и Џастин Тимберлејк, Џон Бон Џови, Деми Ловато и Ант Клемонс.