Лејкерси ги дели една победа од до шампионскиот трофеј

4

Тимот на ЛА Лејкерс славеше победа над Мајами со 102-96 во четвтиот натпревар од големото финале на НБА лигата.

Со овој триумф „Езерџиите“ поведоа со 3:1 во победи и сега ги дели саму уште една победа од освојување на шампионскиот трофеј.

Џејмс со „дабл-дабл“ учинок со 28 поени, 12 скока и 8 асистенции и Ентони Дејвис кому му фалеше еден скок да оствари дабл-дал, а покрај 22 поени и 9 скока имаше и 4 блокади, беа најзаслужни за оваа победа на Лејкерси.

Кај Мајами, повторно најдобар поединец беше Џими Батлер кој мечот го заврши со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, додека Хиро постигна еден поен помалку (21), а Бам Адебајо кој ги пропушти првите три средби поради повреда синоќа постигна 15 поени и оствари 7 скока.

Следниот натпревар од финалната серија што се игра до четири победи ќе се игра во сабота наутро (10 октомври) со почеток од 3 часот.