Лејкерси може да ги понудат Вестбрук и два пика од првата рунда во замена за Ирвинг

2

 

Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин, Кајри Ирвинг побара од клубот да го размени пред завршување на преодниот рок. Лос Анџелес лејкерс заедно со Феникс санс и Далас маверикс се меѓу потенцијалните претенденти за нов клуб на НБА-ѕвездата.

„Атлетик“ излезе со информација за тоа како би можел да изгледа евентуалниот договор меѓу Нетс и Лејкерс.

Надоместокот може да го вклучи Расел Вестбрук и правото на избор на Лејкерс во првата рунда во 2027 и 2029 година. Заедно со Кајри очекуваат да добијат го добијат и Џо Харис.

Во зависност од тоа колку Бруклин ги цени (пиковите) изборите на Лејкерси и што ќе кажа другата голем аѕвезда на тимот, Кевин Дурент, ќе се знае исходот.