Лејкерси на победа од финалето на Западот во НБА

17

Л.А. Лејкерс се на победа од финалето на Западната конференција во НБА откако повторно го совладаа Хјустон, овој пат со 110:100 и сега поведоа со 3-1 во серијата.

Како и „ракетите“, тренерот на Лејкерс, Френк Вогел, исто така, се обложи на помала петорка, во која Ентони Дејвис беше највисок и тимот од Тексас немаше шанси.

Дејвис заврши со 29 поени и 15 скока, а „езерџиите“ доминираа во борбата под двата коша со 52-26, како и во поените од рекетот со 62-24. Леброн Џејмс додаде 16 поени и 15 асистенции, а Ражон Рондо заврши со 11 поени, 10 скока и 8 асистенции од клупата.

Лејкерси се одлепија со 16 поени на пауза, а во последната четвртина поведоа со 23 поени, пред нивниот противник да се разбуди и да се приближи до 103:96 по серија од 18:2. Сепак, Ентони Дејвис постигна важен кош, а при 105:100, Алекс Карузо постигна тројка од крило и реши сè на 34 секунди пред сирената.

– Јасно е дека треба да ги подобриме и затвориме нашите натпревари без такви проблеми кога водиме многу, рече Џејмс.

Големиот судир со градскиот ривал Клиперс, сепак, сега е многу близу.