Лејкерс по една деценија се најдобри во Западната конференција (ВИДЕО)

31

Лос Анџелес лејкерс плејофот ќе го започне како најдобар тим во Западната конференција. Тоа беше извесно и поодамна, но конечно во Дизни Ворлд конечно го визираа првото место со триумфот над Јута од 116:108. Лејкерси имаат шест победи повеќе од второпласираниот ЛА клиперс на пет натпревари до крајот на регуралбиоти дел од сезоната.

Ентони Дејвис беше неверојатен во победата над Јута со 42 поени и 12 скокови, додека во редовите на Јута најрасположен за игра беше Донован Мичел со 33 поени. Клиперси ќе бидат втори на Западот и во плејофот ги очекува пресметка со Далас маверикс.

Њу Орлеанс пеликанс во третиот натпревар во Орландо дојдоа до првата победа и тоа над Мемфис гризлис. Дебитантот Зајон Вилијамсон одигра само 25 минути но одигра одлично со 23 поени и скокови, а неговите пет поени во низа во финишот му донесоа предност на Њу Орлеанс од девет поени кои се покажаа како клучни за победата.

Сан Антонио спарс е поразен од Филаделфија со 132:130 и направи чекор назад во борбата за осмото место во Западот.
Џоел Ембид со 27 поени беше најдобар во редовите на Филаделфија, а токму тој стави точка на победата на својот тим со поените од слободно фрлање во последната секунда.

Големи возбудувања имаше на Оклахома Сити и Денвер, на кој Никола Јокиќ го предводеше својот тим до триумф од 121-113, дури по продолжението од пет минути. Српскиот центар оствари трипл-дабл од 30 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Резултати:
Њу Орлеанс – Мемфис 109:99
Филаделфија – Сан Антонио 132:130
Јута – ЛА Лејкерс 108:116
Мајами – Торонто 103:107
Оклахома Сити – Денвер 113:121 (прод)
Вашингтон – Индијана 100:111