Либанскиот претседател не исклучува можност за надворешно мешање во експлозијата во Бејрут

27

Либанскиот претседател Мишел Аун изјави дека во истрагата за експлозијата во магацинот во пристаништето во Бејрут се трага по фактот дали станува збор за последица од надворешно мешање или е само небрежност или несреќа, соопшти денеска неговиот Кабинет.

– Причината сè уште не е утврдена. Постои можност за странско мешање преку ракета или бомба или некое друго дело, изјави Аун за локалните медиуми.

Тој рече дека побарал од францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера го посети Бејрут, да обезбеди фотографии од воздух за да се утврди што се случило.

– Ако Французите немаат, ќе ги бараме од друг извор, истакна Аун.

Тој рече дека истрагата ќе се води во три насоки: прво, како експлозивниот материјал влегол и се чувал, второ, дали експлозијата е резултат на небрежност или несреќа, и трета можност дали имало надворешно мешање.

Во експлозијаta што се случи во пристаништето во Бејрут во вторникот, загинаа најмалку 154 лица, а повредени се околу 5.000.