Ливерпул во јануари задолжително да го купи Упамекано

32

Поранешниот капитен на „црвените“, Џејми Карагер, кој сега работи како ТВ аналитичар, со советува својот поранешен клуб во зимскиот преоден рок да не штеди пари и да ја засили дефанзивната линија за да го надомести отсуството на Вирџил ван Дајк.

Ван Дајк доживеа тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото во саботниот натпревар против Евертон и според првичните проценки, по операцијата Холанѓанецот ќе отсуствува седум-осум месеци, што значи дека ќе ја пропушти целата сезона.

Поради тоа, Ливерпул мора под итно да размисли за купување на нов централен дефанзивец, смета Карагер.

– Следното големо засилување на Ливерпул треба да биде централен дефанзивец. Претходно зборував дека таков играч мора да дојде идното лето, а сега велам дека мора да дојде во јануари. Дејан Ливрен си замина и не беше донесена негова замена поради што Ливерпул остана само со тројца централни дефанзивци. Сега тешка повреда доживеа Ван Дајк и остана само двајца од кои Жоел Матип постојано е повреден. Нема никакви сомнежи, прва мета на Ливерпул во зимскиот преоден рок мора да биде врвен играч на оваа дефицитарна позиција – вели Карагер.

Англиските медиуми за време на летниот преоден рок шпекулираа дека Ливерпул по заминувањето на Ловрен, ќе го купи младиот 21-годишен Дајот Упамекано но тоа не се случи. За младиот Французин се заинтересирани и најголемите европски екипи како Реал Мадрид, ПСЖ, Интер, Баерн Минхен, а Карагер му порачува на својот поранешен тим да не чека и да понуди колку што е потребно за да го купи Упамекано.

– Постои млад фудбалер во Лајпциг за кого сите зборуваат, Дајот Упамекано. Милсам дека е висок 186 сантиметри и не доминантен во скокот како Ван Дајк, но тој е играчот кој Ливерпул мора да го донесе и не смее да се откаже од трката. Нека подготват колку што се потребни пари и нека го донесат на 1. јануари. Да не го чекаат последниот ден од преодниот рок – порачува Карагер.