Лилард ги реши Лејкерси

4

Кошаркарите на Портланд трејлблејзерс поведоа во серијата со Лос Анџелес лејкерс во Западната конференција во НБА-лигата. Лејкерси беа поразени со 93:100, иако најголемите ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис постигнаа 51 поен.

Леброн одигра неверојатен меч (23 поени, 17 скока, 16 асистенции), а Дејвис забележа 28 поени и 11 скока, меѓутоа немаа одговор за Демијан Лилард (34 поени, 5 скока, 5 асистеции).

Лилард помош доби од Си Џеј Мекалум (21 поен) и Јусуф Нуркиќ (16 поени, 15 скока).

Победа на стартот на плеј-офот забележаа и Мајами Хит. „Жешките“ од Флорида славеа над Индијана пејсерс, 113.101.

Џими Батлер со 28 и Горан Драгиќ со 24 поени го предводеа Мајами, додека кај Пејсерс Ти Џеј Ворен и Малком Брогдон реализираа по 22 поена.