ЛИСТА НА ЖЕЛБИ ДО КОМАНДАНТ ДЕДО МРАЗ

189

Натерај го Апасиев да даде и да понуди некаква солуција, а не само критики. Да не јаде много мушмули против албанците и да разбере дека ако не беа тие, ни тој немаше да има држава. И баба ми знае да биде интересна ако треба само да бара дупки во законот и ако бара празни ќушиња на голот на противникот. Донеси го на еден чај у Јаја Паша онака у ‘‘Чаирчанка‘‘ за да свати дека никој нема да му направи ништо. Нема никој сунет да му направи. Башка, ќе развие нови пријателства, па може на следните избори ќе го направи правиот чекор и ке коалицира со некој од албанската страна

Од Агим ЈОНУЗ

Дедо Мраз е најголемиот преварант на светот. Да беше политичар, кој знае колку скандали за корупција и за далавери ке имаше. Ама, ете, народ го сака и уште се надева дека тој исполнува желби. Еве, јас ке се правам наивен дека му верувам, па ке го замолам ако веќе исполнува желби мене да ми исполни една мала. За почеток на колумната. Значи вака, Дедо Мраз, те молам како Аллах, дигни на клоци све ова што гледаш на јавната сцена, ама онака убаво на волеј, па ако се умориш, менувај нога. После, направи една влада во која ти ке бидеш премиер, барем ке бидеме на чисто дека се е ‘‘курташак‘‘ и тоа јавно! Ке спасиш многу аналитичари, експерти, политичари и луѓе што се прават многу паметни да маскираат тешка гомна во која се наоѓаме. Ке бидеме начисто дека сме ‘‘Паја Патак‘‘ држава и нема да бегаме од вистината дека Дедо Мраз ни е премиер. Ке бидеме атракција. Вака, поминаа неколку како тебе, а ние ги маскиравме како паметни, способни, вредни и чесни! Е, сега, кој е поголем преварант, тие, или ти! Ти барем имаш легитимитет!

Како да биде човек сериозен во ваква консталација на односи на политичката сцена? Затоа го спомнувам Дедо Мраз! Тој барем исполнува желби, така да јас во понатамошниот текст ке си ги кажам своите желби. Ако може фала, ако не, Аллах Керим!

Натерај ги македонците да си ја сакаат својата држава онака реално , за да може и албанците да ја сакаат. Да научат од македонците како се гради држава и како се негува. Вака не може да имаат пример што е тоа единство, братство и грижа за општествено добро. Натерај ги да разберат дека немаат никаква алтернатива. Дека само албанците им се реално единствен партнер на светот. Ако се караме, викаат србите ‘‘ ко се бије тај се воли‘‘!

Натерај го Апасиев да даде и да понуди некаква солуција, а не само критики. Да не јаде много мушмули против албанците и да разбере дека ако не беа тие, ни тој немаше да има држава. И баба ми знае да биде интересна ако треба само да бара дупки во законот и ако бара празни ќушиња на голот на противникот. Донеси го на еден чај у Јаја Паша онака у ‘‘Чаирчанка‘‘ за да свати дека никој нема да му направи ништо. Нема никој сунет да му направи. Башка, ќе развие нови пријателства, па може на следните избори ќе го направи правиот чекор и ке коалицира со некој од албанската страна.

Натерај го Гаши да разбере дека од страна гледано испадна најголемиот политички играч на ‘‘три кибритчиња‘‘ во кои победникот на крај сепак ке го кажат следните избори. Тогаш ќе треба да даде одговор на прашањето како и зошто од едно движење во кое започна, а во кое императив беше чесноста, стигна до фаца која не знаеш кога зборува што мисли. Ако воопшто мисли. Зошто да мислеше, немаше да нуди ‘‘ алтернатива‘‘. Алтернатива на што!? На политички дилетантизам!? Па да беше паметен Гаши и компанија, да се задржеше Беса во првобитната комбинација, е дури тогаш ДУИ ке беше во опасност сега. Вака, и Гаши и Маши и сите заедно со него барабар, само му помогнаа на Али Ахмети да докаже дека никогаш не правел ‘‘Мата Хари‘‘ политика, туку се што ветил и направил. Натерај го Гаши да разбере дека тоа што Мицковски го предлага у комбинација за привремен премиер е тешка заебанција и иронија. Алтернатива е партија која по следните избори ке има само еден избор, а тоа е како повторно – добро да се омажи!  Али Ахмети е за нив “RocknRoll” кој никогаш нема да падне.

Натерај го Али Ахмети да разбере дека Артан Груби не е единствениот паметен и способен човек покрај него. Па ни Бујар Османи. Натерај го да разбере дека овака херметички затворениот ДУИ не може долго да функционира, зошто во меѓувреме се ишколуваа и израснаа генерации кои сите нив во партијата заедно може да ги стави во мал џеп! Дека скопското крило многу скоро ке си го наплати данокот. Дека е крајно време полека, ама сигурно да се пензионира и да направи голема реконструкција на партијата. Станува бајато. Да разбере дека ДУИ како партија не може да вработува искључиво партиски лојални а неписмени службеници во јавната администрација. Дека не може вечно во сите нивоа да владеат ‘‘команданти‘‘. Натерај го да разбере дека доаѓа време на нови, писмени, културни деца на кои една половина од актуелниот ДУИ треба да им одстапи место и да иде у пензија.

Натерај ја целата албанска политичка сцена дека разединета нема легитимитет да зборува за албанското прашање во Македонија и да продава приказни за ‘‘Шќиптарија‘‘! Кому да верува човек? Дали сме поголеми албанци еден од друг, дали сме граѓани ( албанци) на Р. Македонија, дали сме конститутивен елемент во градење на современо општество ‘‘ за сите‘‘, дали сме лево или десно, дали сме, кој сме, како сме, зашто сме,… Војната е завршена, командантите ставија кравати наместо панцири, рамковниот договор е исполнет. И? Сега?!

Натерај го Мицковски да разбере дека ВМРО се додека не се отвори како партија за сите граѓани, а не само за ‘‘професионални македонци‘‘, нема да бидат никогаш партија на 21-век. Да разбере дека без албанците три пати да се преврти околу себе, не може да направи држава. Дека ‘‘комитите‘‘ се одадмна само една точка од историјата која ‘‘колку зулум овде, толку и онде‘‘ направиле низ времето, а тоа бугарите многу прецизно го документирале и го ставиле во своите архиви во Софија. Се има ‘‘црно на бело‘‘.  Да разбере дека Македонија не е ексклузивно чувана од ВМРО, туку од сите што живеат во неа. Да разбере дека албанците ја чуваат во моментов Македонија, а нив ги чуваат американците. Смешно, иронично, трагично, но вистинито!

Натерај го Заев да разбере дека не е македонскиот ‘‘Тито‘‘! Тој ја изгуби шансата реално да биде македонскиот Тито со самото тоа што сметаше дека ‘‘бостан политиката‘‘ може да се практикува на сите нивоа. Однесе во сенка страшно јаки политичари кои допрва ке го растураат СДСМ до најситни делови. И не само СДСМ. Внесе и ‘‘и Фиљан и Фистик‘‘ во јавниот свет директно извлечени од пред селските задруги сметајки дека курназлакот од на тезга може да се практикува и на државно ниво. Направи ‘‘село – весело‘‘ од јавниот живот. Кажи му да престане да се прави космополит од највисок ранг сметајки дека ако внел и одстапил кон албанците многу поени, ги направил затоа што е космополит. Не! Тоа е добро исценкано уште од времето пред да стане премиер, отиде дури и до албанската дијаспора да преговара. Чист пазар! Фигуративно, добро продаде приказна, а таа вели дека Македонија за него беше трактор натоварен со пиперки кој добро го изменаџира во смисла на бизнис!

Дедо Мраз!

Аман збори со кој што треба, замоли го и Аллах со една молитва да ја чува Македонија. Таа е одамна распадната, ама добро измаскирана како грда мома на која има многу шминка и парфем, па не се гледа дека има жолти неизмиени заби и дека е саката како држава. Натерај го овој народ да разбере дека само единството, довербата, нед- етничкиот пристап е лекот кој мораме под итно да го зимаме три пати на ден како апчиња препишани од доктор. Натерај ги и македонците и албанците да разберат дека оваа куќа во која живееме бара сложни браќа, бара селекција на млади деца кои не ги интересира ништо освен современа држава во која има место за сите. Дека има потенцијал, ама  сериозно да се преструктуира внатрешно, а пред се да го смени пристапот кон свесноста што е тоа здрава, современа  држава. Натерај го сиромавиот да има надеж, богатиот да има душа и милост, политичарот да има чест и морал, а децата да имаат иднина. Натерај го секој еден под ова небо во државава да сватат дека смо единството, разбирањето и соработката градат здрава држава.

Како велат турците ‘‘Nerde var muhabetorda var Muhamet”. Во превод, ‘‘ каде што има муабет ( разбирање), таму го има и Господ‘‘! Таксиметарот на државата од Петок навечер го вртиме ‘‘на нула‘‘. Ишала некои работи во годината пред нас ќе донесе по убави ветрови, бериќет и нафака.

ООО ЏЕМААТ …. хаирли ‘‘New Year”,.. бери памет и горе глава.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)