Листа на земји во кои има помалку од 100 заразени со коронавирус

Бројот на заразени од коронавирусот се приближува до еден милион, при што бројките драматично скокаат по десетици илјади секој ден. Официјално, овие заразени се во 203 земји и територии, а само неколку остануваат необележани на светската мапа.

23

Иако бројката драматично скока од ден на ден, десетици земји сè уште „добро се држат“ и официјално имаат под 100 пациенти.

Најмногу ова се однесува на африканските земји каде вирусот сега почнува да влегува, но со оглед на тамошните здравствени системи, многу е важно да се земат сите бројки со резерва. Оваа листа вклучува и три европски земји.

На пример, 82 и 81 случаи биле потврдени во Руанда и Кенија, а едно лице починало во Кенија. Во Нигер има 74, 57 во Мадагаскар, 44 во Уганда … Според официјалните податоци, ситуацијата е слична во Того (36 пациенти), Замбија (36), Џибути (33), Мали (31), Етиопија (29), Конго (22).

Кога станува збор за европските земји, ова се три мали земји, Лихтенштајн, Монако и Ватикан. Во моментов има 72 пациенти во Лихтенштајн, без жртви. Едно лице почина во Монако, 55 се болни, а Ватикан сега има вкупно шест случаи, недели откако беше потврден првиот.

На дното на овој долг список се и Тринидад и Тобаго (90 болни, 5 мртви), Гибралтар (81 болен). Парагвај (77 пациенти, 3 починат), Бангладеш (56 пациенти, 6 починати), Гватемала (46 пациенти, 1 починат), Барбадос (45 пациенти), Уганда (44 пациенти), Ел Салвадор (41 пациент, 2 починати). Во Гвинеја се разболеле 30 лица, во Свети Мартин 22, во Малдиви 19, Хаити 16, Монголија 14, Намибија 14, Бенин 13.

Сирија, Гренада, Лаос, Либија, Мозамбик, Сејшели и Суринам имаат 10 пациенти. Од овие земји, има смртни случаи во Шри Ланка, двајца починати.

Помалку од десет заразени има и во Гвинеја-Бисао, Ангола, Зимбабве, Сент Китс и Невис, Судан, Чад, Фиџи, Мавританија, Никарагва, Непал, Бутан, Сомалија, Боцвана, Белизе, Бурунди, Сиера Леоне, а Папуа Нова Гвинеја и Источен Тимор досега имаат еден заразен.