Лотито има нерешлив проблем

4

Од пред неколку дена и официјално Салернитана е новиот претставник во Серија А, клуб чиј што сопственик е сопственокот на Лацио, Клаудио Лотито.

Но ваквиот редослед на настапи во италијанскиот фудбал најблаго кажано е противзаконски, за еден опственик да има две екипи во Серија А.

Салернитана од 1999 година нема настапувано во Серија А и ова за нив е ново, непроценливо искуство.

Но според пропишаните правила на тамошниот фудбал, Лотитло ќе мора да продаде еден од двата клуба и да се насочи само на еден.

„Правилата се јасни, еден сопственик, еден клуб. Правилата не дозволуваат еден човек да има два клуба во исто првенство, Салернитана како што стојат работите може и да не игра во Серија А догодина“, порача Габриеле Гравина.

Опција за Лотито е да ја продаде Салернитана или едноставно клубот да биде повторно вратен во Серија Б.