Луис Суарез е препороден во Атлетико: Го сруши рекордот на Кристијано Роналдо

49

Атлетико Мадрид синоќа успеа да одигра само реми против Селта Виго во рамките на Ла Лига. Мечот заврши со резултат 2:2, а повторно одличен беше Луис Суарез кој ги постигна двата гола за „Јорганџиите“.

Луис Суарез игра како препороден откако беше избркан од Барселона и својата утеха ја пронајде во Атлетико. Уругваецот безмилосно ги тресе противничките мрежи и во моментов е прв стрелец во Примера, со три гола повеќе од Лионел Меси.

Со синоќешните два гола против Селта Виго, Суарез дојде до 16 погодоци во првите 17 првенствени натпревари за Атлетико Мадрид. Со ова, тој стана играч кој најбрзо стигнал до 16 погодоци во Ла Лига во 21. век.

Уругваецот го сруши рекордот на Кристијано Роналдо кој во првите 17 натпревари за Реал во сезоната 2009/10 постигна 15 гола. До сега Португалецот беше рекордер, но Суарез успеа да направи сериозен подвиг и очигледно е дека промената позитивно му влијае.

Атлетико во моментов е лидер на табелата во Примера со осум бода повеќе од Барселона и Реал и натпревар помалку.