Луис Хамилтон вчера постави рекорд што малкумина ќе го достигнат

7

Многумина смета дека Луис Хамилтон е успешен само затоа што го вози најдобариот болид, сепак и покрај сè, Британецот навистина има импресивна статистика.

Возачот на Мерцедес беше прв од стартот до крајот на трката и стигна до својата 85. победа во кариерата.

Одличниот Британец на овој начин славеше барем една победа во 14. последователна сезона на Формула 1. Рекорд до кој тешко ќе може да се сруши во блиска иднина. Тој ја прослави својата прва победа во 2007. година како возач на Мекларен.

Патем, со вчерашната победа Хамилтон сега е оддалечен само пет триумфи од легендарниот Мајкл Шумахер и прашање е само на време кога Британецот ќе го престигне Германецот.

Актуелниот светски шампион стигна до својата 89 пол позиција во кариерата во текот на викендот, што дополнително го подобри овој рекорд.

Нема сомнение дека Хамилтон е на вистинскиот пат да стане најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња. Досега има пет титули светски шампион, две помалку од Шумахер.