Лукаку го мина Бразилецот Роналдо и собори уште еден рекорд во дресот на Интер (ФОТО)

21

Откако пристигна во редовите на Интер, Белгиецот Ромелу Лукаку се препороди. Тој беше на голем удар во британските медиуми изминатите неколку години, додека го носеше дресот на Манчетсер Јунајтед, бидејќи неговата реализација беше очајна, па затоа неколкумината менаџери кои се сменија во клубот, почесто го седнуваа на клупа.

Сепак, еден корпулентниот Белгиец во Интер дојде ова лето и веднаш докажа дека е врвен напаѓач. Лукаку веќе постигна 20 гола во дресот на Интер, а тоа го стори побрзо од кој било друг фудбалер на „нероазурите“ досега.

Имено, на Белгиецот му беа потребни само 29 натпревари за да ја затресе противничаката мрежа 20 пати, а од врвот на оваа листа ги симна Рубен соса и легендарниот Бразилец Роналдо. На нив им беа потребни плус два натпревара (31 меч) за да дојдат до бројката од 20 погодоци.

Треба да се напомене дека Лукаку постигна 16 голови во Серија А (22 натпревари) и додаде два во ЛШ (5 натпревари), како и два во Купот на Италија (2 натпревари).