Лукаку и натаму е фудбалер на Интер, според неговата Фејсбук страна (ФОТО)

13

Ромелу Лукаку предизвика лавина реакции по интервјуто за „Скајспортс“ во кое изјави дека не е среќен во Челси поради концептот на игра на менаџерот Томас Тухел.

Тој повеќе зборуваше за својот поранешен клуб Интер и колку многу ја сака Италија и градот Милано отколку за клубот кој изминатото лето плати 115 милиони евра да го доведе повторно на „Стемфорд Бриџ“. Тухел веднаш реагираше и го суспендираше Белгиецот за вчерашното дерби со Ливерпул и воопшто не беше во составот за натпреварот.

Неговата судбина е неизвесна и Тухел најави дека ќе разговара со фудбалерот за да ги решат проблемите. Во меѓувреме, навивачите забележаа нешто интересно на официјалната страна на Лукаку на „Фејсбук“. Таму тој и натаму е фудбалер на Интер. Голгетерот не ја променил својата биографија.