Лукаревска: ДДВ во угостителството 10 отсто, за занаетчиите 5 проценти

21

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на синоќешната граѓанска трибина во Ѓирче Петров како носителка на пратеничката листа во изборната единица 2 најави намалување на ДДВ и персоналниот данок за одредени дејности во стопанството.

-Го намалуваме ДДВ во угостителството на 10 отсто, на занаетчиите од 18 на 5 проценти , 0 персонален данок за ИТ индустријата до 2023 година. Нудиме поголеми плати и пензии, нудиме шанса на младите да останат дома. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Старт-ап село“, можност младите да ги реализираат своите бизнис идеи, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето, ја продолжува мерката 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, ќе донесеме закон за младинска гаранција со што ќе се институционализира оваа форма на поддршка на младите до вработување, ќе формираме фонд за стипендирање на млади луѓе за потребите на занаетчиството, рече Лукаревска.

Лукаревска рече дека отпочнувањето на преговорите со Европската Унија, ќе значи и отворање на европските финансиски фондови.