Лукаревска ја напушти директорската позиција во УЈП, одбра да биде пратеник

23

Функцијата на Лукаревска во Управата за јавни приходи ќе врши Фарук Имери како вршител на должност директор.

Сања Лукаревска по изборот за пратеник ја напушта директорската позиција во Управата за јавни приходи, потврдија за Плусинфо од кабинетеот на директорот на УЈП.

Лукаревска стана пратеник како кандидат на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и најавува дека ќе го добие мандатот за состав на влада.

Таа, засега не знае дали ќе биде именувана на некоја функција, ако СДСМ состави нова влада.
Функцијата на Лукаревска во Управата за јавни приходи ќе врши Фарук Имери како вршител на должност директор.

– Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам – вели Лукаревска.

Таа на директорската позиција во УЈП беше три години.

Покрај Лукареска и други избрани функционери од редовите на СДСМ на последните парламентарни иабори беа избрани за пратеници. Меѓу нив се директорот на Службен весник Мартин Костовски, потоа Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт, Фаница Николоска од Државниот управен инспекторат, и Боби Мојсоски од затворот „Идризово“.