Лукашенко: Нашата армија е компактна, ќе учествуваме во воени активности во случај на воена агресија врз Русија

8

Претседателот истакна дека производството на ракети веќе е во полн замав, покрај создавањето беспилотна авијација, оружје и муниција

Односите помеѓу Русија и Западот станаа тензични во изминатите неколку месеци бидејќи Вашингтон и Брисел постојано обвинуваат дека Москва подготвува воена инвазија над Украина.

Иако официјална Москва тоа го негира, сепак, американскиот претседател Бајден рече дека очекува нападот да се случи во февруари, истакнувајќи и дека САД ќе ѝ помогнат на Украина да се справи со нападот.

Од друга страна, пак, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека агресијата во светот расте и дека изборот е или нов договор помеѓу клучните земји или војна.

Лукашенко во своето обраќање пред парламентот во Минск рече дека земјата ќе учествува во воени активности во случај на воена агресија на Русија, пренесува РИА новости.

Tој истакна дека е потребно подобро опремување на армиските единици со оружје и материјал, обука на персоналот како да користат современи методи и начини за справување со заканите.

Вашингтон е подготвен за одлучен одговор ако Русија ја нападне Украина, му рекол Бајден на Зеленски

„Нашата армија е компактна, агилна и борбено ефикасна. Ќе ја зајакнеме нејзината моќ“,рече Лукашенко.

Претседателот истакна дека производството на ракети веќе е во полн замав, покрај создавањето беспилотна авијација, оружје и муниција, современи средства за комуникација и автоматизација, воена оптика и други производи на белоруското Министерство за одбрана.

„И ќе го купиме она што ни недостасува. Тоа е особено важно со оглед на актуелните настани. Сакам да разберете дека нема да биде евтино, но треба да имаме доволно главни оружја“,

нагласи Александар Лукашенко повторувајќи дека Белорусија ќе дејствува во случај на агресија врз Русија.