Лукашенко: Поседуваме доказ за фалсификување на наодот за труењето на Навални

18

Белорускиот претседател Александр Лукашенко, кој по затоплувањето на односите со Западот изминатите две години повторно ги заостри по масовните протести против него по изборите од 9-ти август, во четвртокот изјави дека специјалните служби на неговата земја пресретнале разговор меѓу Варшава и Берлин, кој според него укажува на тоа дека информациите за наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални биле фалсификувани.

Лукашенко притоа истакнал дека има намера овиед „докази“ да ѝ ги предаде на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Пред изјавата на (германската канцелака Ангела) Меркел, која рече дека сакаат на Навални да му ја затворат устата, ние пресретнавме раговор. Од него се разбира дека Варшва разговара со Берлин. Го пресретнало нашето воено радио-електронско разузнавање, бидејќи таму (на западните граници на Белорусија), се распоредени нашите едицини и ние, се разбира, имаме конфронтација со НАТО во радио-сферата“, рекол Лукашенко на средбата со рускиот претседател Михаил Мишустин во Минкс.

„Ние пресретнавме интересен разговор, кој ќе ви дадам да го прочитате, ќе го подготвиме и ќе го испратиме до ФСБ. Јасно укажува дека станува збор за фалсификување. Немало никакво труење на Навални“, додал Лукашенко, пренесува агенцијата ТАСС.

Претходно во средата германската канцеларка Ангела Меркел на вонредна прес-конференција објави дека резултатите од наодот на германска воена лабораторија на примероците на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, кој е две седмици хоспитализиран во Берлин, сега покажале дека наводно тој во Русија бил отруен со воениот нервен агенс „новичок“.

„Забележав, гледајќи ги руските настани, дека кај нив, на Западот имаат нов трик – повторно ‘Новичок’, повторно труење. Должен сум да ви кажам дека вчера или завчера (…) пред говорот на Меркел, го пресретнавме разговорот на две лица…“, додал Лукашенко.

Повторил дека станува збор за „интересен разговор кој јасно укажува на фалсификување“. Според Лукашенко на Меркел ѝ бил даден на увид фалсификуван наод.

„Навални не е отруен. Група експерти, како што сфаќам, ги подготвила за Меркел, за нејзината администрација, податоците а можеби и изјавата којашто таа ја даде. Тоа го сториле за да го ‘обесхрабрат Путин да не навлегува во белоруската ситуација’“, рекол Лукашенко додавајќи дека се надева оти во Москва „ќе разберат кому тоа му е потребно“.