Луѓето кои се вакцинирани не се понатамошни преносители на заразата со корона вирусот

12

Луѓето кои се вакцинирани не се понатамошни преносители на заразата со корона вирусот, објави денеска водечкиот Институт за епидемиологија во Германија, „Роберт Кох“.

По ваквите наводи на Институтот, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан во интервју за „Билд“ истакнува: „Секој што е вакциниран може да оди во продавница или фризер без дополнителни тестови.

Тој не ја кажа временска рамка за тоа кога можните сертификати ќе стапат на сила, но германските медиуми пишуваат дека тие можат да бидат имплементирани во наредните недели.

„Според истражувањето, ризикот од пренесување на вирусот од луѓе кои биле целосно вакцинирани од 15-тиот ден по втората доза на вакцинација е помал од асимптоматското лице кое имало негативен тест со брз антиген тест, вели министерот Шпан за Билд.

Според анализата од Институтот „Роберт Кох“, луѓето кои примиле втора доза од вакцина треба да бидат изземени од понатамошни задолжителни тестови и други рестриктивни мерки.