ЛШ: Дерби пресметки во Манчестер и Дортмунд

41

Дерби пресметките на „Олд Трафорд“, помеѓу Манчестер Јунајтед и Пари Сент Жермен и на „Сигнал Идуна Парк“ каде ќе се сретнат Борусија Дортмунд – Лацио се најинтересните дуели од Е-Х сегментот во 5-та рунда од Лигата на Шампиони.

„Црвените ѓаволи“ на натпреварот со европскиот вицепрвак ја имаат првата меч топка за обезбедување на првата позиција во групата, додека ПСЖ ќе мора да атакува на триумф за одржување на шансите за пласман на една од двете позиции. Триумф на ПСЖ на „Олд Трафорд“ ќе значи големо компликување на работите во групата. Бодовната разлика помеѓу двете екипи е три бодови. Од сенка на Манчестер Јунајтед и ПСЖ ги демне Лајпциг кој сигурно нема да се откаже до крајот. Германците ја делат втората позиција на табелата со ПСЖ.

Слична ситуација е и на дуелот Борусија Дортмунд – Лацио. „Милионерите“ имаат бод предност на врвот на табелата во однос на Лацио и меч на домашен терен. Германците со победа ќе ја обезбедат првата позиција, додека „лацијалите“ ќе треперат за пласманот во топ 16 се до последната рунда. Ривал кој може да им ги помати сметките на Борусија Дортмунд и Лацио е Клуб Бриж. Белгијците со победа над Зенит ќе продолжат со притисокот на водечките.

Двојки:
Група Е: Краснодар – Рен (18:55ч), Севиља – Челси (21ч)

Табела: Челси 10, Севиља 10, Краснодар 1, Рен 1

Група Ф: Борусија Дортмунд – Лацио (21ч), Клуб Бриж – Зенит (21ч)

Табела: Борусија Дортмунд 9, Лацио 8, Клуб Бриж 4, Зенит 1

Група Г: Ференцварош – Јувентус (21ч), Јувентус – Динамо Киев (21ч)

Табела: Барселона 12, Јувентус 9, Динамо Киев, Ференцварош 1

Група Х: Башакшехир – Лајпциг (18:55ч), Манчестер Јунајтед – ПСЖ

Табела: Манчестер Јунајтед 9, ПСЖ 6, Лајпциг 6, Башакшехир 3