ЛШ: Нејмар ќе го пропушти и реваншот против Барселона!

11

Како што информира шпанската „Марка“, Нејмар нема да биде во можност да му помогне на ПСЖ во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против својот поранешен клуб Барселона.

Потсетување дека во првите 90 минути на „Камп Ноу“ париските „светци“ убедливо ја совладаа Барса со 1:4 и се многу блиску до пласман во следната фаза од елитното клупско натпреварување.

Бразилскиот напаѓач ни во првиот меч не беше во составот на францускиот првак против каталонската екипа.

Од Париз потврдија дека Нејмар и натаму тренира одделно од главната група на играчи бидејќи се опоравува од најновата повреда. Повреден е и Хуан Бернат, а Мојз Кин е позитивен на коронавирус.

Возвратната пресметка помеѓу ПСЖ и Барса ќе се игра в среда од 21.00 часот на „Паркот на принцовите“.