Маж пукал во хотел во Флорида зошто гостите не држеле дистанца (ВИДЕО)

16

Овој инцидент ја отсликува високата напнатост во Флорида, едно од жариштата на пандемијата од ковид-19, каде е заразен секој 50. жител.

Маж во Флорида е приведен откако пукал од огненео оружје, изнервиран што двајца гости не ги почитувале санитарните мерки и физичката дистанца каква што тој сметал дека е потребна.

„Тргнете се. Не ја почитувате дистанцата“, најпрво Даглас Маркс им рекол на клиентите од хотелот, соопшти полицијата.

Гостинката од хотелот Вероника Пења и нејзиниот син, туристи кои на Флорида дошле од Ново Мексико, го игнорирале неговото предупредување па седнале на софата и му свртеле грб.

„Ќе се погрижам за нив. Имаме овде две лица кои не ги почитуваат прописите“, рекол 29-годишниот Маркс испукувајќи неколку куршуми во предворјето на хотелот.

Никој не е повреден, а Маркс во полиција тврдел дека се обратил на рецепција за да повикаат помош и испукал четири куршуми во знак на предупредување.