Маж се самозапалил во центарот на Москва (Вознемирувачко Видео)

18

Маж е во критична состојба откако денес се самозапали во центарот на Москва.

Инцидентот се случил додека во неделата во рускта престолнина имаше обид да се организираат протести, па на улиците во зголемен број е присутна полицијата.

Полицијата пристигнала веднаш, а мажот без свест е примен во болница.

Дел од медиумите пишуваат дека човекот имал проблеми со психичка болест, и дека несреќата не е поврзана со протестите.