Македонија имаше многу порази во 2019та, а ниту еден успех

6

Во интервју за ТВ Клан Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека изминатава година власта на државата и граѓаните им донесе многу порази, а ниту еден успех.

-Не можам да кажам нешто што посебно убаво се случи, можеби тука би го издвоил европскиот трон, втор по ред на ракометниот клуб Вардар, на личен план би го издвоил моето звање како професор на Универзитетот. И толку, нема друго за што би рекол ете во оваа фела во државата имаше успех, но можам да зборувам многу порази, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан Македонија истакна дека изминатава година власта на државата и граѓаните им донесе многу порази, а ниту еден успех.

Мицкоски истакна дека оваа 2019 година која заминува власта ќе ја памети по тоа што и се случи вистински дебакл. Мицкоски во интервјуто ја потсети јавноста на сите корупциски скандали кои што кулминираа со случајот Рекет и на крај со недобивањето на датумот за отпочнување на преговори со Европската Унија.

„Една колективна депресија го има општеството зафатено и навистина тоа е реалноста. Појдете во македонските градови и села, ќе видите еден пустош, можеби дел од раселеното население ќе се врати за празниците, ќе ги посетат дедовците и бабите, но потоа повторно ќе заминат и тоа мора да се смени, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ иако е опозициска партија изминатава година успеа да покаже дека е најголемата партија во Македонија која ќе доје на власт по предвремените избори закажани за 12 април.

„Стануваше зор за една динамична, навистина предизвикувачка година кога ВМРО-ДПМНЕ, застана цврсто на нозе ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш покажа дека е најголемата и најорганизираната политичка сила во Македонија и дека е фаворит број еден на следните парламентарни избори“, заклучи Мицкоски.