Македонија на гостински терен ќе треба да бара пласман на ЕВРО 2020

6

Македонската фудбалска репрезентација нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нации.

Денеска се одржа ждрепката за натпреварите од Лигата на нации, Македонија ќе треба на гостински терен да го игра финалето доколку дојде до него.

Нашата репрезентација најпрво ќе треба да го помине Косово, тој натпревар го играме на домашен терен на 26. март.

Втората полуфинална двојка е Грузија и Белорусија. Победникот од овој натпревар ќе биде домаќин на Македонија или Косово во финалето од Лига Д.

Лига Д

Полуфинале 26. март

Македонија – Косово

Грузија – Белорусија

Финале 31. март

Грузија/Белорусија – Македонија/Косово