Македонија остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа

11

Македонската репрезентација, по поразот од Австрија и победата над Израел во ноемвриските натпревари од квалификациите за ЕВРО 2020, остана на 68. место и на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.

Македонија со 1338 бода е на 68. место. Нашиот противник во полуфиналето од Лигата на нации, Косово забележа пад од една позиција и сега е 114 фудбалска сила во светот. Потенцијалните противници во финалето во баражот за ЕВРО 2020, Белорусија е 87 на листата, додека Грузија е 91.

На врвот во првите пет нема промени. Белгија е прва, пред Франција, Бразил, Англија и Уругвај. Хрватска забележа скок од едно место и сега е шеста, на сметка на Португалија која е седма, а во топ десет уште се и Шпанија, Аргентина и Колумбија.