Македонија со најголема стапка на смртност во регионот

6

Македонија најмногу трага по корона вирусот од сите останатите балкански земји. Со 28 илјади тестирања на еден милион жител, во пети на здравствените власти им се единствено колегите од Босна, со илјада помалку тестови на еден милион жители. Но, затоа земјата води и во најцрната статиските пред сите останатите балкански земји со околу триста починати или над 140 на еден милион жители. Смртноста од ковид -19 е 5 пати повисока од онаа во Србија, Бугарија и Хрватска,додека Грција регистрирала 7 пати помалку починати пацинети од болеста ковид за разлика од клинките во Скопје на еден милион жители.

Земјата е далеку од „италијанското сценарио“ со 4 пати помалку починати на еден милиони жители, иако со рапиднотот ширење на вирусот во вториот бран ги надмина Турција и Канада на светско ниво, а изненадувачки се наоѓа и пред Германија со безмалку 30 проценти повеќе починати на еден милион жители и пред Франција во просекот на заразени, но далeку зад смртноста од болеста.

За помалку до две недели морталитетот се зголемил од 10, 7 проценти на 14, 3 ,а смртноста зе зголемила за 0,2 проценти или од 4,6 на 4,8 проценти, а овие бројки произлегуваат од 1200- те нови заразани за помалку од 2 недели. Најголем скок бележи Скопје, Тетово ,а од големите градови смртноста одзела повеќе животи во просек и во Куманово, градовите кои бележат и највисок број на заразени. Струга и струшко- регионот во кој короната одзема најмгногу жители во медицинската формула за смртност. Секој 6-ти заболен од болеста ковид 19 ја загубил битката. Од над 200 регистирани случаи – 29 пациенти не се вратиле од клиниката за инфектологија и градската општа болница 8 – септември. И во рамките на морталитетот овој регион предводи со високи 40 проценти на околу 60 илајди жители според последниот, далечен попис од 2002-ра година. Досегашните статистики говорат дека МАкедонија е специфичниа и и во возраста на починатите пациенти, а скоро идентичен е процентот на починати од 50 до 60 години и категоријата пациенети над 60 години.

Ако се споредат бројките со Корона пандемијата и свинскиот грип и остантите сезонски грипови, короната двојно го надмина процентот на заболени во однос на изминатата година, со што и емпириски се потврдува вирулентноста овогодинешниот вирус иако за измиантата декада бројот на заболени од други вируси е незначително повисок барам за измиантите 6 месеци, иако за останатите грипови постојаат соодветени вакцини додека светот чека лек против ковид- 19.