Македонската дива Ана Дурловски со овации поздравена од германската публика

13

Македонската дива Ана Дурловски со овации поздравена од германската публика
Со 5 минутни овации 1500-тната публика ја поздрави македонската оперска дива Ана Дурловски која беше главна ѕвезда на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар. Во престижната концертна сала “Herkulessaal”, таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ.

Ана Дурловски, од страна на германското BR радио беше најавена како “македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера”. Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио.

Македонската оперска ѕвезда со импресивна меѓународна кариера, во своите интервјуа секогаш нагласува дека нејзина и мисија на нејзиниот сопруг е на светските сцени каде настапуваaт да покажат дека и во Македонија има гласови достојни за светските сцени, дека има македонски квалитет кој треба да му биде покажан на светот. Како дел од работата на промовирање на македонската култура, Ана Дурловски, на Новoгодишниот концерт носеше преубави креации на нашата креаторка Тања Кокев.