Македонските и албанските двостандардни дискурси

36

Од Емин АЗЕМИ

Атмосферата која се најавува пред парламентарните избори, што се очекува да бидат или предвремени или редовни следната година, не ни дава многу оптимизам дека реториката на политичарите ќе биде во согласност со потребите на граѓаните. Во дискурсот на лидерот на опозицијата, Мицкоски, на пример, тој повеќе има волја да го нападне политичкиот опонент, особено сега кога не успеа поканата за да се добие датум за преговори со ЕУ, но не и конкретна визија како ќе изгледа оваа земја ако тој ја води. Тој едно време инсистираше на предвремени избори, и што беше еден вид на блеф, но во подоцнежните настапи тој не го оправда своето инсистирање. Тоа го потврдува познатата теза дека политичарите кои немаат конкретни проекти, тие се занимаваат со опонентите и кога барате од нив алтернативни идеи, тие повторно се занимаваат со идеите на другите, кои ги претставуваат како неуспешни, но никогаш не даваат отчет зошто не го остварија истото кога беа на власт. Затоа,таквите политичари, како Мицкоски, на пример, се уште не се јасни во нивните постапки, дали тие навистина сакаат предвремени избори или сакаат да ја загреат атмосферата и да упатат провокативни пораки кон опонентот – СДСМ.

Многу набљудувачи мислат дека ако овие повици за предвремени избори би биле навистина искрени, македонскиот опозициски лидер ќе ги повикал и албанските опозициски партии на заеднички фронт против власта. Меѓутоа, ова не се случило досега. Тоа веројатно се должи и со фактот дека кај нас политичките битки се завиткани во облека на етнички каузи, и токму во тој поглед македонскиот опозициски лидер претендира дека тој и само тој и неговата партија се избрани од Господа во оваа мала држава за да ги водат нивните бесконечни етнички битки, каде ќе ги заокружат некои отворени прашања, а особено ќе се враќаат повторно на почетниот процес, прашањето за името на државата.

Но, во политика сите опции се отворени, онака како што се можни сите предизборни комбинаторики, иако самите политички партии се уште не зборувале отворено за овие теми. Обично, македонските политички партии, вклучувајќи и двете најголеми – СДСМ и ВМРО, директно или индиректно, биле заинтересирани, да во пост-изборната фаза нивната власт ја зајакнат во заедничко владеење со една албанска политичка партија. Секако, дека овие сметки ги правел и Мицкоски, кој, не отворено, но во различни форми и начини, како не сака да ги гори сите карти за некоја евентуална пост-изборна соработка со албанските партии, особено со ДУИ, која, во моментов од него и другите се гледа како најголем претендент во албанскиот електорат. Тоа, можеби може да биде и причина зошто тој досега не испратил сигнал дека е подготвен да соработува со другите политички партии, во главно со тие кои доаѓаат од опозицијата – Алијансата на Албанците и Беса.

Од друга страна, треба да се разберат и двоумењата на албанските политички партии, особено тие од опозицијата, кои досега не се изразија отворено за некоја предизборна преференција во планот на соработката со македонските политички партии. Ова, дури може и да биде една од круцијалните теми за кои се очекува да бидат тема на дебатите во политичкиот живот, затоа што ни се чини лицемерна политиката на две стандарди. Од една страна, и шумските птици знаат дека ниту една албанска политичка партија не може сама да ја води Владата, додека од друга страна, тие се двоумат да ги изнесуваат  јавно нивните идеи за политичка соработка со македонските политички субјекти. Ако ги прашате, секако дека одговорот го знаеме однапред, но во мултиетничка држава не можат да се развијат до бесконечност дискурси до две стандарди, затоа и во јавноста се изнесуваат многу критики за тоа зошто албанските политички партии не прават повеќе обиди да и нивните изборни платформи да бидат дел од владината програма. Или, можеби нивна единствена цел е да се дојде на власт, додека што се однесува до владината програма, мислат ова работа да го направат во одење, што честопати, не само што не е сторено, туку имало и прилики кога македонскиот премиер ги критикувал неговите албански колеги за недостаток на проекти поврзани со развојните теми во регионите каде живеат Албанците.

Значи, да видиме што ќе ни донесат идните избори најавени за следната година … (koha.mk)