Македонски камион се преврте на автопатот Ниш – Белград

9

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун кај Алексинац, објави новинската агенција Бета.

Според наводите на полицијата, возачот со Брза помош бил префрлен и Клиничкиот центар во Ниш, но нема информации за тежината на неговите повреди.

Сообраќајот на таа делница од автопатот кон Белград е запрен, зашто кабината и приколката од камионот целосно го препречиле патот, а кабината делумно ја пробила и заштитната ограда. Сообраќајот ќе биде во прекин се додека камионот не биде тргнат од коловозот.

Причините се превртување на камионот не се познати.

Веќе е формирана долга колона возила на автопатот.