Македонски фестивал во Турција

81

Македонскиот фестивал што се одржа од 13 до 15 мај во турскиот град Маниса е од големо значење за македонските иселеници во Турција. Настапите на фолклорните групи и познати интерпретароти на народната македонска музика од иселениците беа бурно поздравени, јавува дописникот на РСЕ Кенан Мимидиновски.

Претседателот на македонското здружение „Мак- гоч“, со седиште во Маниса Џевдет Џумерт, инаку роден во селото Жировница општина Маврово Ростуше . изјави дека е очекува овој фестивал да стане традиционален.

„Престојот на владината делагација предводена од македонскиот министер Оливер Спасовски заедно со првите луѓе на општините Струмица, Чашка и Маврово –Ростуше претставуваше голема почит и за одбележување на 3о годишнината од првото македонско здружение во Маниса, но и за сите иселениците. На средбите исто така побаравме оние иселеници кои ги ислолнуваат законските услови да добијат македонски пасоши, бидејки интересот кај иселениците е голем“, нагласи Џумарт .

,,Oсобена чест и задоволство ми причина средбата со македонските здруженија во Република Турција. Незаменливо е чувството кога си помеѓу своите во Турција и кога комуницираш на својот мајчин македонски јазик во срцето на Измир“, изјави за Радио Слободна Европа пратеничката во македонското собрание Белкиза Зекири која додаде дека топлиот пречек и од страна на турските власти на нашите делегации говори јасно дека почнуваме ново поглавје во односите со Турција.

Кординаторот на оваа активност Фатон Асани ја изнесе оценката дека посетата на владината македонската делагација на чело со министерот Спасовски беше топло поздравена од страна на нашите иселениците но и од турските власти.