Макрон: Владата води дијалог со синдикатите за пензиската реформа

9

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека француската влада е во дијалог со синдикатите за плановите за пензиските реформи и за зголемување на старосната граница за пензионирање.

„Има предизвици, но тоа не значи дека треба да застанеме“, рече Макрон, кој со недели велеше дека пензиската реформа ќе биде спроведена. Тој додаде дека е нормално синдикатите да изразуваат незадоволство и оцени дека демонстрациите биле „мирни“.

Од кабинетот на француската премиерка Елизабет Бурн велат дека на почетокот на следната недела ги очекува синдикатите што се подготвени да разговараат со извршната власт за реформа на пензискиот