Макрон го озборувал Курц на самитот на ЕУ

22

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го озборувал австрискиот канцелар Себастијан Курц на самитот на ЕУ, пишува бриселскиот портал „Политико“.

„Погледнете, нему му е сеедно. Тој дури и не ги слуша другите, има лош став. Тој се грижи само за својот печат“, рекол Макрон, како што објави „Политико“, кога Курц ја напуштил просторијата за состаноци за да разговара за пакет-мерките за закрепнување на економијата на ЕУ предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Макрон исто така ја критикува т.н. група штедливи земји, во која е вклучена и Австрија, споредувајќи ги со поранешниот британски премиер Дејвид Камерон за време на поранешните преговори за буџетот на ЕУ.

Претседателот на Франција истакна дека таквиот начин на однесување може да заврши лошо.

Во исто време тој се нарече себеси лудак во однос на висината на дотациите во фондот за обнова по коронавирусот.

Шефовите на држави и влади на 27 земји членки на ЕУ веќе три дена преговараат за пакетот помош за обнова по корона-кризата, а преговорите ќе продолжат и денес.

Лидерите на ЕУ разговараат за пакетот вреден 1,824 милијарда евра, кој опфаќа повеќегодишен заеднички буџет (1.074 милијарди евра) и фонд за наплата (750 милијарди евра).