Макрон до Курти: Спремен сум да организирам самит

6

Претседателот на Франција Емануел Макрон му испратил писмо на косовскиот премиер Аљбин Курти во кое му го честитал изборот на функцијата.

Истовремено, тој побарал укинување на царините на српската стока за да се овозможи продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, јавуваат косовските медиуми.

„Првиот чекор треба да биде продолжување на дијалогот, за кој сум спремен да посредувам, со организирање самит во Париз, наскоро, со лидерите на Србија и Косово, во соработка со канцалерката (Ангела) Меркел и со високиот претставник на ЕУ (Жозеп) Борел“, напишал Макрон во писмото кое во средата француската амбасадорка во Приштина Марин Кристин Бутел му го предала на Курти.

Макрон навел и дека продолжувањето на дијалогот подразбира акции од двете страни.

„Сопирање на стоотстотните царини од страна на Косово и сопирање на кампањата против признавање на Косово од страна на Србија“, напишал францускиот претседател.