Макрон изрази солидарност со сириските Курди и нивната борба против ИД

5

Париз, 9 октомври – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се сретна со портпаролот на Сириските демократски сили, групацијата која ги предводи Курдите во оваа земја, Џихан Ахмед, за да му изрази солидарност со нив и нивната борба против таканаречнета Исламска држава, сооопштено е од кабинетот на Макрон.

Состанокот, наведуваат британските медиуми, бил можност да се повтори пораката дека Франција и натаму е многу загрижена заради напредокот на турската воена операција во Сирија.

Турција претходно соопшти дека е подготвена да напредува кон североистокот на Сирија, откако САД почнаа да ги повлекуваат своите сили од Сирија. Американскиот претседател Доналд Трапп веќе два дена е под жестока критика во Вашингтон заради , како што се наведува, „предавството на Курдите“.