Макрон по убиството на полицајците: Тие се наши херои

47

Францускиот претседател Емануел Макрон убиените полицајци, кои денеска беа нападнати во централна Франција, ги нарече херои.

Тие биле нападнати кога интервенирале за да спасат жртва на семејно насилство.

„ Тие се нашите херои“ изјави Макрон на Твитер и изрази солидарност со француската полиција.

Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет во пукање до кое дошло кога стигнале во една куќа во оддалечено село, реагирајќи на повик поради семејно насилство врз жена.

Мажот кој се сомничи за нивното убиство е пронајден мртов, соопшти министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин.