Макрон разговарал со Радев и Ковачевски: Ќе најдеме решение „кога за тоа ќе дојде време“

7

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека синоќа зборувал на телефон со бугарскиот претседател Румен Радев и македонскиот оремиер Димитар Ковачевски.

Макрон изрази подготвеност да ги повика во Париз, „кога за тоа ќе дојде времето“ за претставниците на властите во Софија и Скопје да склучат билатерален договор кој би овозможил да почнат преговори за пристапување на Македонија кон Европската Унија, пренесе АФП.

Франција, која ќе претседава со Советот на ЕУ до крајот на овој месец, со последните неколкунеделни напори го поддржува изнаоѓањето на решение за спорот меѓу двете страни, рече синоќа Макрон.

Во коминикето се вели и дека францускиот претседател ја изразил својата „целосна поддршка за договор меѓу двете страни што би придонел за добрососедски односи и ја конкретизира европската перспектива на Северна Македонија“.

Од ноември 2020 година, Софија го блокираше почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ поради билатерални спорови за јазикот и историјата, забележува АФП.