Максим Димитриевски запрен од полиција, го испратиле на технички преглед

13

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук објави видео во живо на кое пренесува состојба во која се нашол на една од прометните улици во градот, односно на Лесковачка. Тој вели дека полицијата го запрела и по десет минутен преглед на документите, возилото, кое според него е ново, е испратено на технички преглед.

До овој момент од МВР нема официјално објаснување за овој случај. Неофицијално Телма дознава дека возилото било запрено поради тоа што на прозорците имало фолии и стаклата биле затемнети.

Инаку Димитриевски заедно со кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски ќе се трка во втор круг за прв човек на Куманово на 31 октомври.

Во моментов негови поддржувачи пред полициската станица во Куманово.