Мала утеха: Талески го има најсилниот шут досега на ЕП 2020!

11

Македонската ракометна репрезентација вчера загуби од Чешка во 2.коло во групата Б на Европското првенство, а од овој натпревар ќе се памети само еден статистички податок.

Нашиот репрезентативец Филип Талески го има најсилниот шут досега на Европското првенство. Тој шутираше со брзина од 141 километар на час кон противничкиот гол и засега е рекордер на турнирот.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) на ова Европско првенство за прв пат применува нова технологија во следење на статистиката.