Манев: Со овој трансфер се реализираат моите амбиции, големо благодарам…

14

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Јован Манев оствари трансфер во најсилната лига на Турција и во иднина ќе го гледаме во дресот на Адана Демирспор.

Тој имаше одлична сезона во Брегалница, а тие негови партии беа наградени со преселба во тимот кој го води италијанскиот стратег Винченцо Монтела, плус има неколку познати имиња од кои се издвојува Марио Балотели.

Ова за Манев е огромен предизвик, скок во кариерата, но тој е свесен и се надева ќе се претстави во најдобро издание.

-Може да кажам дека се реализираат моите цели, амбиции, соништа со реализацијата на трансферот во Адана, за кој мора да искажам огромна благодарност и до Брегалница, до сопственикот на клубот Кирил Гогов, раководството и сите во клубот за развојот на мојата кариера. Ништо од ова немаше да биде возможно без сите нив.

-Затоа во иднина и со моите игри ќе го бранам и името на клубот насекаде во светот! Сигурно моите амбиции не застануваат само тука и желбата е да се продолжи уште поквалитетно во развојот на идната кариера. Сакам да се заблагодарам и на сите навивачи на Брегалница и до фудбалски Штип кои сите овие години ми даваа неизмерна поддршка, -порача Манев по преселбата во Адана.