Манчестер Јунајтед не завршил со трансферите

13

Манчестер Јунајтед ова лето значително се засили и го донесе Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ не завршиле со купувањето и дека се во потрага по квалитетен играч за врска.

Иднината на Погба е несигурна бидејќи неговиот договор истекува следното лето. Немања Матиќ е во поодминати години и сигурно ќе има мала минутажа, па Солскјер сака да го подмлади средниот ред.

Прво име на списокот е младата ѕвезда на Рен, Едуардо Камавинга, чија цена изнесува 30 милиони фунти.

Доколку не успеат да го донесат Французинот, „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Ив Бисума од Брајтон.