Манчестер јунајтед победи на четири натпревари по ред, Тен Хаг има еден пораз во последните 14 натпревари

12

 

Манчестер јунајтед ја продолжи победничката серија со победата од 3:0 остварена синоќа над Нотингем Форест во Премиер лигата.

Тимот на Ерик тен Хаг претходно ги победи Астон Вила (4:2) и Барнли (2:0) во англискиот Лига куп, а го совладаа и Фулам (2:1) во првенството.

Од 6 октомври „црвените ѓаволи“ имаат само еден пораз – од Астон Вила (1:3).

Исто така во ова време имаат 11 победи и две нерешени.

Следниот натпревар Манчестер јунајтед ќе го игра со Вулверхемптон на 31 декември.