Манчестер Јунајтед потврди дека ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари

7

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед ќе се обиде во јануари да донесе нови фудбалери, потврди помошникот на Оле Гунар Солскјер, Киран Меккин. Според него „црвените-ѓаволи“ имаат за цел да се вратат на старите патеки.

„Ние ќе растеме како тим и ќе се развиваме. Ќе доведеме нови фудбалери кои ќе ни помогнат во иднина. Сите во клубот сметаат дека сме на добар пат“, вели Меккин.

По заминувањето во пензија на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, до титулата во Премиер-лигата не успеаја да го одведат Јунајтед, ниту Мојс, ниту Ван Гал, ниту Мурињо.