Манџукиќ кажа збогум: Чест ми беше да го носам дресот на Милан

6

Марио Манџукиќ во јануари пристигна во Милан како помош и искуство за нападот на „росонерите“, но хрватскиот интернационалец не успеа да се наметне и да се избори за продолжување на соработката со клубот од Милано.

Тој влезе во финишот од последниот меч со Аталанта како резерва, за ден подоцна и официјално да се прости од клубот каде не остави посериозна трага.

„Ми беше задоволство да настапувам за Милан, благодарност до клубот што ми даде шанса. Благодарен сум и на тренерот, на соиграчите на сиот вложен труд, можам да кажам дека во Милан настапува извонредна група на луѓе. Среќен сум што успеавме да го вратиме Милан во ЛШ, каде што и припаѓа, на сите во клубот им посакувам се најдобро во иднина“, порача Манџукиќ.

Покрај Манџукиќ, од „росонерите“ се збогуваше и Португалецот Далот, кој пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед, но не успеа да се наметне кај Пиоли и Милан не ја активираше клаузулата за откуп на неговиот договор со „црвените ѓаволи“.