Марадона е успешно опериран

22

Операцијата на Диего Марадона поминала успешно, потврди неговиот личен доктор Леополд Луке, Аргентинецот сега го почнува процесот на рехабилитација.

Само неколку дена по неговиот 60. роденден Марадона беше хоспитализиран. Аргентинската фудбалска легенда имал крварење во мозокот по што со хирушки зафат требаше да се интервенира.

Неговиот приватен доктор Леополд Луке соопшти дека операцијата на хематомот е успешно завршена и Марадона ја почнува рехабилитацијата.

„Операцијата е успешно завршена, Диего многу добро ја поднесе. Се е под контрола. Тој ќе остане уште неколку дена во болница а потоа во зависност од состојбата ќе биде пуштен дома. Почетокот на неговото закрепнување е одличен“, изјави Луке.