Маричиќ се пишмани, ја повлече листата за помилување на затвореници, ќе се консултирал за предложените имиња

20

Министерот за правда Бојан Маричиќ и официјално ја повлече листата за помилување на затвореници. Според документот испратен до Кабинетот на претседателот, повлекувањето е направено поради потреба од дополнителни консултации со затворите за имињата кои им се предложени.

Министерството за правда предложи помилување на 48 лица. Меѓу имињата се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4 годишниот Алмир во Куманово…

Утрово Министерството за правда го проследи списокот со имиња на 48 осудени лица до Комисијата за помилување, во Кабинетот на претседателот на државата.

Претседател на Комисијата за помилување е Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а членови на Комисијата се:

-Фехми Стафа, државен правобранител;
-Љубомир Јовески, јавен обвинител;
-Љубомир Михајловски, адвокат;
-д-р Темелко Ристевски, правник, полковник во пензија;
-Ерол Рушид, доктор;
-Зора Митиќ, доктор;
-Божин Аврамовски, судија во пензија;
-Сафет Алиу, поранешен судија во Врховен суд;
-Томислав Кежаровски, новинар;
-Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.