Марија Шерифовиќ си оди од „Ѕвездите на Гранд“

134

Пејачката Марија Шерифовиќ неколку сезони е член на жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, но сега одлучи да се повлече.

Марија за Блиц изјавила дека нејзиното учество во петте сезони на популарното шоу било доволно и дека е време да се одмори.

„Најнапорен дел од мојата работа ми е давањето интервјуа, но јасно ми е дека едни без други не можеме. Што се однесува до концертите, тоа е најубавиот дел од мојата работа, тој момент кога ќе излезам на сцената да пејам. Тоа ме прави комплетна. Работата во студиото исто така ме радува, некогаш едноставно едвај чекам нешто да биде готово и да излезе. Можеби „Ѕвездите на Гранд“ најтешко ми паѓаат“, признала Марија.

На прашањето дали има сила за уште една сезона на овој проект, одговорила:
„Не, немам веќе ни за оваа, а мислам и дека се гледа.“